Усвоен договор кој треба да го стопира изумирањето на животинските видови и природата

- Advertisement -

Новиот договор за конзервација усвоен на самитот на ОН во Монтреак е патоказ за стопирање на брзото изумирање на природата, но само ако богатите земји дадат доволно средства, а за другите земји тоа прашање стане приоритет, пренесува Reuters.

Целите поставени во договорот, познат како Кунминг-Монтреал глобална рамка за биодиверзитет вклучува стопирање на изумирањето на видовите, заштита на 30% од светското копно и морињата до 2030 година и користење на 200 милијарди долари за спроведување на тие цели.

- Advertisement -

Конзерваторите ги пофалија амбициите на договорот и истакнаа дека станува збор за еквивалент на Парискиот климатски договор. Поставени се 23 специфични цели по кои земјите можат да го мерат својот напредок. Тоа е еднакво на глобалната цел за одржување на глобалното затопливање на 1,5 степени Целзиусови, изјави директорот на Меѓународниот фонд за заштита на природата, Марко Ламбертини.

Посел четири години, целите беа поставени на самитот COP15 во Монтреал. Од спроведувањето на тие цели зависи опстанокто на стотици илјади врсти, а ОН велат дека отприлика на милиони врсти им се заканува изумирање. Меѓутоа, спроведувањето на тие 23 цели ќе биде многу потешко затоа што ќе биде потребна силна политичка волја.

- Advertisement -

Она што е навистина битно е како тие цели ќе се спроведат во националните планови, а реализацијата на целите во земјите во развој ќче зависи од финансирање однадвор за да се поттикне конзервирање.

Во договорот не е специфицирано кои простори ги опфаќа целта за заштита на 30% од копното и морињата, што значи дека оставено е на слбодна интерпретација на земјите колку ќе бидат амбициозни.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -