Ќе се намали цената на струјата за малите потрошувачи

- Advertisement -

Товарот за тоа што големи компании и општини нелегално се префрлија од слободен на регулиран пазар на струја, паѓа на граѓаните и тие треба да им ја платата поевтината струја. Ова нема да го дозволам, категоричен е министерот за економија Крешник Бектеши.

Владата донесе одлука, компаниите кои влегоа во шеми со струјата, од 1 јануари да се вратат на слободниот пазар и да си купуваат струја на берзи, преку трговци. Така ќе се растовари ЕСМ, кој има обврска да ги снабди со струја сите домаќинства и мали фирми. Бектеши вели дека незадоволните компании можат да се жалат на одлуката на владата, но убеден е дека тоа ќе им биде залудно.

- Advertisement -

Стотици познати големи компании, но и општини веќе со месеци користат субвенционирана струја, наменета за домаќинствата, откако со разработена шема, регистрираа свои микро фирми – ќерки и таму си ги префрлија своите броила. Тоа му создаде на ЕСМ товар да произведува или купува дополнителна струја.

Бектеши ниту денеска не сакаше да дава детали за новата цена на струјата, но повтори дека малите компании, кои се на регулиран пазар и струја добиваат од универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, од нова година ќе имаат пониски сметки. Електричната енергија за нив ќе се субвенционира со 80-те милиони евра кои, на средината на јануари, земјава ќе ги добие од Европската унија, како грант за справување со енергетската криза.

- Advertisement -

Во меѓувреме, Регулаторна ги прави пресметките за новата цена на струјата за домнаќинствата. Министертот Бектеши повтори дека од 1 јануари за оние кои штедат, струјата ќе поевтини, а за оние кои се луксузираат, таа ќе биде поскапа.

Извор-ТВ 24

Сподели!
- Advertisement -