НАПРАВИ ПОВЕЌЕ ја претстави првата платформа за е-донација на храна и санитарни производи!

- Advertisement -

НАПРАВИ ПОВЕЌЕ ја претстави првата платформа за е-донација на храна и санитарни производи директно до домот на семејството во нашата земја

Box2Help е првиот проект на непрофитната организација “НАПРАВИ ПОВЕЌЕ”, основана од млади алтруисти кои се борат за драстични промени во општеството. Проектот има за цел да го намали бројот на гладни семејства во нашето општество со олеснување на процесот на донација преку дигитално, брзо и транспарентно донирање.  

- Advertisement -

Како дел од проектот, “НАПРАВИ ПОВЕЌЕ” ја претставија првата платформа за е-донација на храна и санитарни производи директно до домот на семејството во нашата земја. 

Ве покануваме да бидете дел од иднината во која сите се хумани. 

- Advertisement -

Сега секој може дигитално, брзо и транспарентно да помогне и да донира пакет со храна и санитарни производи преку веб-страницата domoremk.com, каде ќе може да изберете пакети во кои се содржани производи од “Paket.mk”- еден од најголемите интернет супермаркети во држава, за семејства чии приказни се темелно проверени како веродостојни од “Здружение на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства и поединци Вистински дела на Љубезност”. Здружението Вистински дела на Љубезност и Paket.mk се главни соработници на проектот. Донацијата директно ќе биде доставена до домот на семејството за кое се донира. 

Како може да се донира?

- Advertisement -

1. Одете на страната: domoremk.com

2.Одберете семејство на кое сакате да му донирате пакет со храна и санитарни производи

3.Одберете еден од трите пакети за донација

4.Кликнете на копчето донирај

5.Ќе бидете пренасочени на наредната страна на која можете да оставите ваши информации и каде ќе ја финализирате донацијата

Сами можеме многу, а заедно повеќе. #НАПРАВИПОВЕЌЕ

Можете да ги поддржите “НАПРАВИ ПОВЕЌЕ” на:

facebook.com/napravipoveke.domore

instagram.com/napravipoveke.domore

linkedin.com/company/domoremk

Сподели!
- Advertisement -