Роверот Perseverence го пушти на Марс првиот канистер за примероци

- Advertisement -

Роверот Perseverance на НАСА го пушти првиот канистер за примероци од површината на Марс. Откако тим на НАСА потврди дека првата цевка за примероци е на површината, поставија WATSON камера која се наоѓа на крајот на роботските раце на Роверот за да гледа под него и да се проверува да не се стекнала цевката под тркалата.

Во текот на наредните два месеци Роверот ќе постави вкупни десет такви канистри за примероци на локацијата Three Forks. Со тоа ќе биде направено првото човечко складиште за примероци од друга планета, што означува зачеток на враќањето на луѓето на друга планета.

- Advertisement -

Perseverance зема дупликат и од примероците од камените мети кои се избрани во мисијата. Роверот моментално има 17 примероци за земање, од кои еден е примерок од атмосферата.

Според плановите на мисијата Mars Sample Return, роверот остава примероци кои ќе ги собира лендер. Лендерот ќе ги стави потоа во заштитна капсула на мала ракета, која ќе полета во орбитата на Марс. Таму друго летало ќе ги земе и безбедно ќе ги донесе на Земјата.

- Advertisement -

Мисијата треба да биде лансирана на Марс во 2027 година, а примероците да стигнат на Земјата до 2033 година.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -