- Advertisement -
Гигантот за стримување склучи договор вреден 55 милиони долари за купување на поранешната воена база Форт Монмут, на чие место планира да изгради студио вредно 850 милиони долари. .
Netflix лицитирал за имотот пред два месеци и потпишал договор со Управата за економска ревитализација на Форт Монмут. Со тоа гигантот се обврзал да инвестира 850 милиони долари во изградбата на еден од најголемите производни погони во светот со 12 звучни бини, помошни продукциски простори и позадински парцели. Студијата ќе се користат за производство на ТВ серии и филмови.
- Advertisement -
Netflix верува дека во наредните две децении ќе може да придонесе со приходи од 5 милијарди долари во буџетот на Њу Џерси, каде што ќе се наоѓа студиото.
- Advertisement -
(Bizlife)
- Advertisement -