Русија планира да изгради нуклеарна централа на Месечината во следната деценија за да ја напојува својата лунарна вселенска програма и заедничка руско-кинеска истражувачка станица, соопшти Роскосмос.
Роскосмос потпиша договор со воздухопловната компанија Лавочкин асоцијација за спроведување на проектот, кој треба да биде завршен до 2036 година.
Руската нуклеарна корпорација Росатом и Институтот за атомска енергија Курчатов исто така ќе учествуваат во изградбата.
Проектот има за цел да создаде постојана научна лунарна станица и премин од еднократни мисии кон долгорочна истражувачка програма.
Електраната ќе ги напојува роверте, опсерваториите и инфраструктурата на заедничката руско-кинеска станица на Месечината.
Роскосмос не прецизираше дали објектот ќе биде нуклеарен, но учесниците во проектот и сегашните планови сугерираат нуклеарна технологија.
(Reuters)



