Xiaomi отпушта 10% од вработените поради намалени приходи

- Advertisement -

Кинескиот производител на мобилни телефони, електроника и мали уреди Xiaomi ќе отпушти 10% од својата работна сила поради пад на приходите. Како што наведува економскиот и финансискиот сервис Caixin, повикувајќи се на извор од компанијата, Xiaomi на крајот на годината ќе го намали бизнисот и работната сила поради падот на глобалната продажба на мобилни телефони и намалената побарувачка на домашен терен.

Кинеската компанија со седиште во Пекинг планира да отпушти околу 3.500 луѓе, што е околу 10% од моменталната работна сила. Приходите на Xiaomi се намалени за 10% во третиот квартал, а компанијата пријави и нето-загуба од околу 209 милиони долари.

- Advertisement -

Xiaomi соопшти дека неоадмна спровеле организациска реформа и имплементирале рационализација на бројот на вработени поради поефикасно работење. После тоа одреден број вработени или околу 10% од работната сила се прогласени за технолошки вишок и на нив им е исплатен надомест.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Xiaomi Planet)

Сподели!
- Advertisement -