Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за цената на струјата!

- Advertisement -

Струјата за домаќинствата во првиот и во вториот блок од 1 јануари се намалува, а се зголемува  во третиот и четвртиот блок, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. 

„Цената на струјата за малите потрошувачи и за 99,2% од домаќинствата ќе се намали“, изјави директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски кој сепак потврди дека ДДВ-то ќе се зголеми од 5% на 10%. Вкупната цена за електрична енергија за малите потрошувачи односно мали и микро компании заедно со мрежарина се намалува за 20,15% за 70 илјади компании. Кај домаќинствата цената на електрична енергија Блок 1 се намалува за 4,11%, за вториот блок се намалува за 2,95%, за Третиот блок се зголемува за 0,85%, додека за четвртиот блок се зголемува за 7,65%.

- Advertisement -

Цената за пренос на електрична енергија се намалува 8,66 отсто, дистрибуцијата се намалува за 19,54 отсто, а мрежарината се намалува за речиси 20 отсто. „Во носењето на оваа одлука ги земавме во предвид заштитата на животната средина, на животниот стандард и сигналот кој го испратија потрошувачите“, рече Бислимовски кој додаде дека во последно време домаќинствата штедат.

Сподели!
- Advertisement -