Кривата кула во Пиза се исправува

- Advertisement -

Кривата кула во Пиза, која е една од најпопуларните туриситчки атракции во светот, а многу инженери и историчари беа загрижени поради накривеноста. Сепак, неодамнешно истражување покажа дека кулата, всушност, се исправува и тоа за 4 сантиметри.

Ова се случило благодарение на проектот за стабилизација, кој се спроведува од 2001 година досега. Истражувањето го финансирала организацијата за зачувување на споменици Opera Primaziale della Pisana (OPA).

- Advertisement -

Иако наклонот на кулата е намален, таа и понатаму се поместува за околу 1,55 милиметри годишно, вели професорот по геотехника Нунцианте Сквеглиа од Универзитетот во Пиза.

Оваа кула, која е симбол на моќта на поморската република Пиза во средниот век, успеа да преживее најмалку четири силни земјотреси, кои го погодија регионот од 1280 година.

- Advertisement -

Резултатите од едно истражување од 2018 година покажаа дека мекоста на тлото ја заштитила кулата од големиоте потреси. Конструцијата на кулата почнала во 1173 година, а завршена е дури во 1319 година поради битките кои се воделе меѓу Пиза и Џенова, како и Лука и Фиренца.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -