Научници докажаа дека постојат вежби кои за дупло пократко време даваат одлични резултати

- Advertisement -

Кога станува збор за вежбањето, многумина се жалат дека немаат доволно време за вежбање, но нуачмиците тврдат дека една форма на вежбање постигнува исти резултати за половина од времето. Пристапот кој може да постигне исти резултат и со многу помалку напор во текот на вежбањето звучи предобро за да биде вистина, но тоа е она што го откриле научници со анализа на техниките на вежбање и дополнителни промени во снагата и големината на мускулите.

Новата студија објавена во научното списание European Journal of Applied Physiology проучува три вида на вежби: ексцентрични, концентрични и концентрични и ексцентрични заедно. Додека сите тие вежби ја подобриле концентричната снага, само концентрично-ескцентричните вежби ја подобриле ескцентричната и изометриската снаа. Освен тоа, било забележано подобрување во групата учесници кои правеле веби со подигање и спуштање, приближно исто како и групата која правела само вежби на спуштање или половина помалку повторувања.

- Advertisement -

Оваа последна студија покажува дека можеме да бидеме далеку поефикасни со времето на вежбање и да видиме позначителни резултати ако се фоксусираме на ексцентричните контракции на мускули. Во случајот на вежби со мали тегови за раце, откривме дека концентрираните контракции на мускули малку придонесуваат во ефектите од вежбањето, вели научникот Кен Носака од Универзитетот Едит Коуан во Асвтралија.

Тоа, всушност, значи дека ексцентричните мускулни вежби даваат исти резултати како и концентрично-ексцентричните вежби со половина помалку вложено време. Есцентричните вежби, исто така, имаат најмалку бодови кај ефектите на задебелување на мускулите.

- Advertisement -

Резултатите од студијата се базираат на четири групи луѓе: 14 луѓе кои правеле концентрични вежби, 14 луѓе кои правеле ексцентрични вежби, 14 луѓе кои правеле концентрично-ексцентрични вежби и контролна група од 11 луѓе кои не правеле никакви вежби.Вежбите ги правеле двапати неделно во текот на 5 неделии, со 3 серии по 10 повторувања секој пат.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -