ВИДЕО: Колку далеку можете да фрлите топка на други планети во Сончевиот систем

- Advertisement -

Фрлањето топка е активност која секој ја пробал, а во Сончевиот систем постојат места на кои топката може да се фрли толку далеку што може да помине и над големите пирамиди во Гиза.

Од видеата објавени низ историјата знаеме како изгледа кога астронаутите потскокнуваат по Месечината, а од видеото во прилог ќе можете да видите колку далеку некој може да фрли топка на сите планети од Сончевиот систем, со додаток на Месечината и џуџестата планета Плутон.

- Advertisement -

Видеото го направил астрономот Џејсм О’Донахју откако пресметал колку далеку би можела да се фрли бејзбол топка на тие места во Сончевиот систем. О’Донахју работи за Јапонската агенција за истражување на вселената.

„Моментално можеме да ја искусиме вселената само преку слики и видеа, така што овој стил на видеа е дизајниран да додаде на тоа искуство, односно да ја почувствувате силата на другите планети“ појаснува О’Донахју за Business Insider.

- Advertisement -

Тој објаснува дека топката ја фрламе со максималната брзина која е просечна за еден човек без вежбање. После фрлањето гравитацијата ја презема главната улога и одредува колку далеку ќе биде фрлена топката. Гравитацијата на планетата произлегува од масата на планетата, па помасивните планети имаат посилна гравитација, но и нивната густина е клучна.

На пример, Сатурн има 95 пати поголема маса од Земјата, но е планета со нјамла густина во Сончевиот систем. Значи, кога сте на рабовите на Сатурн, силата на гравитацијата која ве влече е послаба отколку на Земјата, вели О’Донахју.

- Advertisement -

Ако се прашувате каде во Сончевиот систем топката може да се фрли толку далеку за да изгледа како да имате супер моќ, тогаш одговорот на тоа прашање е на Плутон.

Плутон има дијаметар еднаков на 2/3 од дијаметарот на Месечината. Плутон има и толку слаба гравитација што фрлената топка за бејзбол може да достигне висина од 139 метри, односно да помине над Големата пирамида во Гиза. Топката на Плутон патува 16 пати подалеку отколку на Земјата, односно би поминала 650 метри.

(Business Insider)

(фото: Flcikr)

Сподели!
- Advertisement -