Индија во 2024 година по прв пат ќе испрати мисија во вселената

- Advertisement -

Индискиот министер за наука и технологија го извести парламентот на земјата дека мисијата за испраќање луѓе во вселената е планирана за 2024 година. Проектот наречен Gaganyaan има за цел да го демонстрира капацитетот на човечките летови во вселената си испраќање на тричлен екипаж во орбитата на висина од 40 км, каде што ќе поминат три дена.

Индиската вселенска програма ISRO уште е во раните фази. Програмата пред неколку години успеа да испрати одеднаш рекордни 104 сателити. Исто така, приватната вселенска компанија го тестирала првиот ракетен мотор направен со помош на 3Д принтер.

- Advertisement -

Следната фаза од индиската вселенска програма е испраќање луѓе во вселената, а таа мисија беше најавена уште во 2018 година и требаше да биде реализирана годинава. Мешутоа, пандемијата на корона вирусот го одложи проектот за две години.

Мисијата наречена H1 ќе користи LVM3 ракета, една од најдобрите кои ги поседува ISRO. Ракетата е прилагодена за да ги задоволи барањата за патување на екипаж во вселената. Се состои од CES систем за евакуација, кој на екипажот му овозможува брзо да се оддалечи во случај на проблем при лансирањето или полетувањето.

- Advertisement -

Орбиталниот модул се состои од модул за екипаж, како и сервисен модул. Модулот за екипаж има метална внатрешна структура под притисок, како и екстерна структура без притисок со систем за термална заштита. Исто така, поседува и систем за одржување во живот, како и системи за авионика, забавување и сл. Сервисниот модул овозможува поддршка преку погонот, напојувањето, авиониката и слично.

Мисиите без екипаж наречени G1 и G2 ќе бидат испратени во четвртиот квартал од 2023 година и во вториот квартал од 2024 година, додека мисијата H1 со екипаж е планирана за четвртиот квартал од 2024 година. Тричлениот екипаж е веќе избран од Воздушните сили на Индија и моментално е на обука.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -