Откриен микроб кој јаде вируси

- Advertisement -

Секоја органска материја на Земјата е на мениту на некој организам кој така еволуирал да ја јаде. Растенијата, месото, алгите, инсектите и бактериите консумираат различни материи, а сега научниците открија дека некои од нив јадат вируси.

Бидејќи вирусите ги има буквално насекаде, неизбежно е организмите случајно да ги консумираат. Но, истражувачот Џон Делонг од Универзитетот Небраска-Линколн сакал да дознае дали некои микроби активно јадат вируси и дали може таквата исхрана да го поддржи физиолошкиот раст на поединци и растот на популација на заедници.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека вирусите се состојат од нуклеински киселини, многу водород и фосфор, мора да постојат организми кои ќе сакаат да ги изедат вели Делонг.

За да ја тестираат хипотезата Делонг и неговиот тим собрале примероци од рибници, изолирале различни микроби, а потоа додале голема количина хлоровируси, слатководни жители кои ги инфицираат зелените алги. Во текот на наредните неколку денови тимот следел и голема популација на вируси и други микроби.

- Advertisement -

Набрзо се открило дека еден микроб грицка вируси. Тој микроб е плантконски цилијат познат како Халтерија. Во примероците вода без друг извор на храна за цилијати популацијата на Халтерија пораснала околу 15 пати за два дена, додека нивото на хлоровируси паднало за 100 пати. Во контролните примероци без вируси Халтерија воопшто не пораснала.

Во дополнителните дестови тимот ги означил ДНК хлоровирусите со флуоресцентна боја и открил дека клетките на Халтерија набрзо почнале да светат. Тоа потврдило дека Халтерија навистина го консумирала вирусот.

- Advertisement -

Истражувачите сега планираат да продолжат да го истражуваат феноменот, вклучувајќи примероци на прехранбени мрежи и поголеми системи како циклусот на јаглерод.

Истражувањето е објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.

(Vidi.hr)

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -