Физичари открија нов начин да ги видиме предметите без да ги гледаме

- Advertisement -

За да измериме некој предмет вообичаено е да имаме некаква интеракција со него, на пример со одекнувањето на звучните бранови или осветлување. Но, во светот на квантната физика постојат некои исклучоци од тоа правило.

Така, фински научници предлагаат посебен начин на мерење без интеракција преку посредни честички. Истражувачи од Универзитетот Алто во Финска предлагаат нов начин да се гледа микробрановото пулсирање без апроспција и повторна емисија на какви било светлосни бранови.

- Advertisement -

Темелниот концепт на гледање без допирање и не е нов. Физичарите покажаа дека може да се користи брановата природа на светлината за истражување на просторот со раздвојување на уредно поредените бранови светлина преку различни патеки и потоа споредување на нивниот пат.

Наместо ласери и огледала, финските научници користеле микробранови и полупроводници, што нивното истражување го прави посебно достигнување. Нивниот систем користел трансмон уред а откривање на електромагнетниот бран кој пулсира во комората. Иако релативно големи во споредба со квантните стандарди, тие уреди го имитираат квантното однесување на одделни честички на повеќе нивоа со помош на суперспроводливо коло.

- Advertisement -

Мерењето без интеракција е основен квантен ефект, при што присуството на фотосентитивни предмети се утврдува без иреверзибилна апсорпција на фотони. Предлагаме концепт на кохеретна детекција без интеракција и експериментално го демонстрираме користењето на суперспроводливо трансмонско коло со три нивоа, пишуваат авторите на студијата објавена во научното списание

Финските научници се базираат на квантната кохеренција која ја произведува нивниот прилагоден систем, односно способноста на предметите да заземаат две различни состојби во исто време, како што е Шрединговата мачка, за тој комплексен систем да го направи успешен во мерењето.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -