Рекордни температури на северните Алпи – над 20 степени во јануари

- Advertisement -

Рекордни температури се измерени на северната страна на Алпите во Швајцарија и во Лихтенштајн на првиот ден од 2023 година. Имено, во малиот северен швајцарски град Делемонт и во главниот град на Лихтенштајн, Вадуз, вчера беа измерени над 20 степени Целзиусови, објави Meteonews.

Претходниот рекорд во јануари бил забележан на 1 јануари 1993 година, која биле измерени 19,4 степени Целзиусови. Во Делемонт вчера имало 20,9 степени. Вкупно 36 мерни единици измериле локални максимални температури на Нова Година.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -