Богатството на 500 најбогати луѓе во светот намалено за 1,4 трилиони долари

- Advertisement -

Богатството на најбогатите 500 луѓе во светот во 2022 година се намалило за вкупно 1,4 трилиони долари, објави Bloomberg, повикувајќи се на својот индекс на милијардери.

Некои од најбогатите луѓе во светот изгубиле пари поради војната во Украина, некои поради лоши инвестиски одлуки како што е Илон Маск (чие богатство се намали за 138 милијарди долари после купувањето на Twitter), а други како што е Сем Банкмен Фрајд, сопственикот на FTX, сами се упропастиле.

- Advertisement -

Вкупното богатство на само четворица тајкуни – Илон Маск, Џеф Безос, Чангпенг Жаоа (сопственик на најголемата берза на криптовалути во светот Bynance) и на Марк Цукерберг – минатата година се намалило за 392 милијарди долари.

Некои поминаа подобро од другите. На пример, индискиот тајкун Гаутам Адани го надмина Бил Гејтс на листата со милијардери и го надмина дури и познатиот инвеститор Ворен Бафет. И некои богати семејства како што се Кохови иМарс го зголемија богатството.

- Advertisement -

Вредноста на професионални спортски тимови се зголемила и сега вредат толку многу што можат да ги купат само припадници на 0,0001% од најбогатите.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -