- Advertisement -
Рекордни температури се измерени на северната страна на Алпите во Швајцарија и во Лихтенштајн на првиот ден од 2023 година. Имено, во малиот северен швајцарски град Делемонт и во главниот град на Лихтенштајн, Вадуз, вчера беа измерени над 20 степени Целзиусови, објави Meteonews.
Претходниот рекорд во јануари бил забележан на 1 јануари 1993 година, која биле измерени 19,4 степени Целзиусови. Во Делемонт вчера имало 20,9 степени. Вкупно 36 мерни единици измериле локални максимални температури на Нова Година.
- Advertisement -
(N1)
(фото: Needpix)
- Advertisement -