Ова се најпопуларните плажи во светот според TikTok

- Advertisement -

Зимата е во полн ек, но тоа не значи дека не можеме да размислуваме за совршената дестинација која ќе ја посетиме идното лето или зошто да не се стоплиме малку на плажа во текот на овие зимски месеци. Во секој случај, ако размислувате да патувате, пребарајте на TikTok затоа што апликацијаа стана едно од првите места за рецензија на ресторани и дестинации за патување, вклучувајќи ги и најубавите плажи во светот.

Неодамнешна студија на британската компанија Destination2 направи листа со најпопуларните плажи на TikTok користејќи нивни хаштази и ги рангираше на основа на бројот на прегледи.

- Advertisement -

Првата најпопуларна плажа на TikTok е Бонди во австралија, која има 445,8 милиони прегледи на мрежата. Таа е рангирана на прво место со тришати повеќе прегледи отколку второрангираната плажа. Плажата Бонди е позната по сурфањето и е едно од најпознатите места во светот.

Целосната листа со топ 10 најпопуларни плажи на TikTok можете да ја погледнете во продолжение:

- Advertisement -

1. Бонди, Австралија (445,8 милиони прегледи)
2. Патаја, Тајланд (128,5 милиони прегледи)
3. На Транг, Виетнам (64,6 милиони прегледи)
4. Вунг Тау, Виетнам (61,9 милиони прегледи)
5. Ваикики, САД (43,7 милиони прегледи)
6. JBR, Дубаи (30,3 милиони прегледи)
7. Келинскинг, Индонезија (30 милиони прегледи)
8. Санта Моника, САД (29 милиони прегледи)
9. Ерли Бич, Австралија (27,8 милиони прегледи)
10. Вајтхевен, Австралија (23,5 милиони прегледи)

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -