Во Кина цвета бизнисот со изнајмување виртуелни луѓе

- Advertisement -

Познатите личности на кои спонзорите им плаќаат милиони долари мора многу да внимаваат на својот имиџ, затоа што ако во јавноста се пишуваат негативни работи за нив, може да дојде до прекин на договорите со спонзорите. Слично е и со брендовите со кои соработуваат за да го заштитат својот бренд од некој лош ПР.

Кинезите имаат решенија за таквите проблеми. Со оглед на тоа дека во последно време познатите личности кои соработуваат со брендови често имаат проблеми, на пример, поради неплаќање данок или некои лични скандали, бредновите почнаа да користат виртуелни инфлуенсери. Како што пренесува CNBC, во Кина цвета бизнисот со изнајмување виртуелни луѓе. Од Baidu велат дека тие вирутелни луѓе може да се изнајмат по цена од дури над 14.000 долари, во зависност од проектот.

- Advertisement -

Виртуелните луѓе се комбинација од анимации, звучна технологија и машинско учење, кои создаваат дигитаализирани луѓе, објаснуваат од Baidu. Од таа компанија велат дека нивните услуги веќе ги користат компании кои даваат финансиски услуги, туристички одбори, па дури и кинески државни медиуми. Очекуваат дека побарувачката на овој пазар до 2025 година че порадне со годишна стапка од 50%.

Според едно истражување, минатата година нас 1/3 од Кинезите гледале настапи на вирутелни ифнлуенсери, односно дигитални селебрити, додека 1/5 од нив гледале настани кои ги води виртуелна личност, односно вести со виртуелен водител. Истто истражување покажало ека годинава речиси половина од огласувачите во Кина може да спонзорираат настап на виртуелни инфлуенсери или да повикаат виртуелна личност да им се придруи на настаните.

- Advertisement -

(CNBC)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -