ВИДЕО: Минијатурен апарат за притисок се става на прст

- Advertisement -

Valencell, компанија која е најдобро позната по делови за оптички сензори за срце кои се ставаат во фитнес технологија, на саемот CES годинава претстави нешто сосема поинакво. Компанијата го претстави својот минијатурен монитор за крвен притисок кој се носи на прст. Наместо да засукувате ракави за да измерите притисок, ќе можете во секое време да го следите притисокот.

Уредот, кој уште нема име, е во очекување на одобрени од американската Агенција за храна и лекови. Од Valencell објаснуваат дека мониторот користи PPG сензори за мерење на движењето на крвниот притисок. Информациите потоа поминуваат низ алгоритам, кој го споредува движењето со податоци од над 7.000 пациенти, како и со возраста, тежината, полот и висината за да се даде прецизна вредност. Потоа и дијастоличкиот и систоличкиот притисок се прикажуваат на екранот и се испраќаат до апликација за телефон.

- Advertisement -

Од Valencell тврдат дека сега нивниот уред ќе може да процесира повеќе податоци и дека нема да има потреба од калибрирање на мониторот. Додаваат дека ова е нивното ново оружје во битката против хипертензија и се надеваат дека ќе може да се користи во клиники за подобар мониторинг на пациентите и грижа за пациенти на далечина.

Ако добијат одобрение од Агенцијата за храна и лекови, овој многу корисен гаџет ќе може да се купи по цена од 99 долари.

- Advertisement -

(Engadget)

(фото: Valencell)

Сподели!
- Advertisement -