Нова вакцина за рак ги тера клетките на ракот да се убиваат меѓусебе

- Advertisement -

Неодамна објавена студија ја објаснува двојната улога на нова вакцина за рак на мозокот. Ја развија тим научници од Медицинската школа Бригам на Универзитетот Харвард и Болницата за жени.

Тимот успешно ја тестирал вакцината на глувци со глиобластом, кој е еден од најагресивните форми на рак. Резултатите од експериментот биле доста охрабрувачки.

- Advertisement -

Иако вакцините за рак се област која постојано се истражува, пристапот кој го примениле во оваа студија е сосема поинаков. Наместо да користат неактивни клетки на тумор, научниците во овој случај користеле генетски модифицирани и пренаменети живи клетки на тумор.

Вообичаено терапевтските клетки на тумор прво се деактивираат, па се ставаат во телото на пациентот за да се засили имунитетот. Но,истражувачите велат дека ваквиот пристап дава ограничени или никакви резултати.

- Advertisement -

Затоа, одлучиле да применат поинаков пристап. Нивниот метод ги трансформира живите клетки на туморот во агенти кои можат да предизвикаат уништување меѓу самите клетки на ракот во телото на болниот.

Овој метод на тестовите на глувци успешно ги уништил постојните тумори и спречил ширење на ракот.

- Advertisement -

Студијата е објавена во весникот Science Translational Medicine.

(Interesting Engineering)

Сподели!
- Advertisement -