Француското регулаторно тело за заштита на корисничката приватност соопшти дека го казнила американскиот технолошки гигант Мајкрософт со 60 милиони евра за наметнување рекламни „колачиња“ на корисниците.
Во најголемата казна изречена во 2022 година, Националната комисија за технологија и слободи на Франција (CNIL) посочи дека пребарувачот Bing на Мајкрософт не поставил систем што им дозволува на корисниците да одбиваат „колачиња“ со истата едноставност како и да ги прифаќаат.
По спроведувањето на истрага, францускиот регулатор откриле дека „кога корисниците ја посетувале оваа страница, колачињата биле депонирани на нивниот терминал без нивна согласност, при што овие колачиња биле користени, меѓу другото, и за огласувачки цели“. Регулаторното тело исто така забележало дека „нема копче што овозможува да се одбие депонирањето колачиња толку лесно како прифаќањето“.
Од CNIL истакнуваат дека казната е оправдана поради добивката што компанијата ја остварила преку огласување, индиректно генерирана од корисничките податоци собрани преку „колачиња“.
Мајкрософт доби рок од три месеци да го поправи проблемот, со потенцијална дополнителна казна од 60.000 евра дневно доколку задоцни во исполнувањето на обврските.
Фото – Softpedia