Од 1 февруари YouTube ќе нуди уште една прилика за заработка

- Advertisement -

Ветувањето кое YouTube го најави во септември минатата година, а станува збор за можност за заработка за креаторите на видеоплатформата кои објавуваат кратки видеа, т.н. Shorts.

Станува збор за промена која доаѓа како дел од поширока надградба на партнерската програма на YouTube, која од сите корисници на таа програма бара да потпишат нови услови за договор, без оглед на тоа дали сакаат да заработат од Shorts или не.

- Advertisement -

Форматот Shorts е воведен во 2021 година, а креаторите на YouTube некое време можеа и да заработат пари од објавата на таквите видеа, преку опциите како Super Chat и фондот на YouTube за креаторите, но се покажа дека таквата форма на монетизација не е ништо подобра од TikTok, па затоа беа воведени Shorts како нов формат.

Сепак, YouTube сега воведува делење приходи од огласување со креатори и во Shorts. Досега тоа беше возможно само за креатори на класични YT видео формати на платформата.Но, ако не сакаат, не мора да се вклучат во монетизација на кратки филмови.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -