НАСА размислува да гради гасовод на Месечината

- Advertisement -

Програмата Innovative Advanced Concepts (NIAC) на НАСА поттикнува иновации со финансирање студии во рана фаза за проценка на технологиите кои би можеле да поддржат идни мисии на Месечината. Последниот круг на награди ќе осигура поддршка од 175.000 долари за 14 избрани визионери од девет држави, а меѓу нив се наоѓа и компанијата Lunar Resources, која предложи проект за иградба на првиот гасовод за кислород на Месечината.

Одржливоста на програмата Artemis и на нејзината цел за постојано човечко присуство на Месечината зависи од способноста да се користат ресурсите на лице место за да се намалат трошоците и ризикот кај лунарните операции. НАСА и американската влада инвестираа големи средства во развојот на способноста за екстракција на кислород од лунарниот реголит и вода о лунарниот мраз. Кислородот ќе се користи за човечки живеалишта, за роверите, за другите системи за оржување на животот со постојано снабдување со кислород со висока чистота за човечка потрошувачка, како и како оксиданс за ракетите-носачи кои полетуваат од Месечината.

- Advertisement -

Оваа технологија за екстракција на кислородф треба да се тестира во големи размери на Месечината уште во 2024 година и да обезбеди дирекнта поддршка за астронаутите на Artemis уште во 2026 година.

Моменталните проекти за екстракција на кислород на лице место се состојат од полнење кислород во резервоари за течен гас или негово складирање и чување. И за двата присташи потребен е превоз со цистерни до објектите. Преносот на кислородот на ровери е енергетски поинтензивен од процесот на екстракција и се смета за најскапиот аспкет за добивање кислород на лице место за користење на Месечината, со оглед на големата оддалеченост.

- Advertisement -

ЗАтоа, компанијата Lunar Resources предлага Lunar South Pole Oxygen Pipeline (L-SPoP) гасоводи за кислород на јужниот пол на Месечината, кои како што велат, ќе донесат револуција во операциите на површината на Месечината за програмата Artemis и намалување на трошоците и ризикот.

Компанијата планира да истражи и да процени различни архитектури за лунарниот цевковод, да ги идентификува технологиите за подобрување и овозможување, како и да направи временска рамка за развој на оваа револуционерна структура. Почетниот концепт се однесува на L-SPoP цевковод од 5 км за транспорт на гасовитиот кислород од погонот за произвоство или кој било друг извор до просториите за складирање и втечнување кислород во близина на лунарната база.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -