Онлајн трговецот Amazon ги откри своите планови да отпушти од работа над 18.000 вработени ширум светот. Тоа ќе биде досега најголемата акција за отпуштање вработени во историјата на компанијата.
Меѓу отпуштените од работа ќе има работници во Велика Британија и во Европа, но уште несе познати деталите точно колку вработени ќе бидат опфатени со оваа мерка.
Amazon има околу 1,5 милиони вработени глобално и уште во ноември минатата година предупреди да отпушти до 10.000 вработени. Сега технолошкиот гигант го покачи тој број на 18.000 како дел од посеопфатна програма за реорганизација на бизнисот.
Од Amazon велат дека најголем дел од отпуштените ќе бидат вработени во продавниците како Amazon Fresh и Amazon Go, како и вработените во човечки ресурси.
Од компанијата ддоаваат дека овие промени ќе им овозможат со постабилна ценовна структура да ги реализираат подоглорочните планови, а како виновник за отказите ја наверуваат несигурната економија и тоа што изминатите неколку години за кратко време нагло го зголемија бројот на вработените поради потребите во текот на пандемијата.
(Metro.uk)
(фото: Wikimedia)