Мате Римац го отвори првиот изложбен простор во Европа

- Advertisement -

После неколку такви простори ширум светот, кончено дојде време и Европа да боие изложбен простор на Rimac Automobili. Како што соопштија од компанијата, новиот изложбен простор на Rimac Automobili беше отворен во Брисел, а е резултат на соработката со продажни претставници на Rimac Automobili за Белгија и Луксембург.

Појаснуваат дека изложбениот простор во Брисел е спој на најсовремената технологија со атмосферски дизајн и на посетителите им овозможува комплетно Римац искуство во прилагодувањето, нарачката и преземањето на моделот Neverа и на идните Rimac хиперавтомобили.

- Advertisement -

Како дел од соработката со компанијата D’Ieteren, новиот простор ќе осигура целосна поддршка после продажбата за сопствениците на Rimac хиперавтомобили, користејќи алатки за дијагностика кои ги разви тимот на Rimac со целосно дигитализирана постпродажна услуга.

Овој нов современ изложбен простор е уште еден додаток во растечката мрежа на Rimac партнери, вели Хендрик Малиновски, генерален директор на Bugatti Rimаc. Rimac имашеизвонредна 2022 година и со отворањето на вратата на новио простор во Брисел влегуваме со целосна самодоверба и позитивност. Следните 12 месеци ќе престатвуваат уште еден битен развоен период за Rimac.

- Advertisement -

Понатамошниот раст на мрежата од партнери доаѓа во битен момент за брендот Rimac и ја следи испораката на Neverа ширум светот. Новиот простор е насочен кон купувачите во Брисел, симболично срце на Европа, и ќе го претставува Rimac пред нови клиенти и ќче делува како допирна симболична точка со нашиот бренд и можностите на Neverа, вели Мате Римац.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -