Свечено отворен првиот космодром за лансирање сателити во Европа

- Advertisement -

Првиот космодром за лансирање сателити од копното на Европската унија беше отворен во центарот Есранге во близина на шведскиот град Кируне. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, шведскиот крал Карло XVI Густаф и шведскиот премиер Улф Кристенсон ја пресекоа лентата.

Фон дер Лајен истакна дека има многу добри причини за забрзување на европската вселенска програма. Европа има свое место во вселената и ќе го чува, додаде таа.

- Advertisement -

Шведската вселенска корпорација (SSC) објави дека вселенскиот центар Есранге е отворен после пет години подготовки и ќе функционира како дополнение на постоечкиот вселенски центар на Европската унија во местото Куру во Француска Гвајана.

Во новиот космодром се инвестирани 15 милиони евра. Лансирањето на првиот сателит од центарот Есранге се очекува на крајот на 2023 година со повеќекратни ракети, велат од SSC. Претходно Европската вселенска агенција го користеше рускиот космодром Плесецк за лансирање сателити во вселената, но сега поради војната во Украина Европската унија сака да ја намали зависноста од Русија и врските со таа држава.

- Advertisement -

Шведскиот космодром нема долго време да биде осамен во Европа затоа што се подготвуваат космодроми и во Португалија, во шпанската покраина Андалузија и во Велика Британија.

(N1)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -