YouTube тестира бесплатно емитување на ТВ канали

- Advertisement -

Популарната платформа YouTube почна да тестира нова услуга, односно бесплатно емитување ТВ канали кои се поддржани со реклами. YouTube моментално преговара со разни компании со цел на платформата да понуди ТВ емисии, филмови, па дури и целосни ТВ канали. Всушност, тестирањето веќе почна на одреден број корисници на видеосервисот.

Засега YouTube го проценува интересот на гледачите, а ако се оди според планот, платформата во сопственост на Google би можела да побара 45% од приходите кои би ги носеле рекламите. Таков е договорот и меѓу YouTube и креаторите на содржини.

- Advertisement -

Изгледа дека ова е уште еден обид на YouTube да го прошири својот бизнис. Неодамна платформата постигна договор со NFL Sunday Ticket и ќе нуди емитување преку YouTube TV и YouTube Primetime Channels од оваа година.

Исто така, YouTube почнува да дели приходи од рекламите со креаторите на YouTube Shorts, така што треба да станат поисплатливи од мегапопуларниот TikTok.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото:Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -