Секое десетто лице на светот гладува, а истовремено, многу компании оствариле огромни профити од кризите. Според Оксфам, 95 прехранбени и енергетски концерни во 2022 повеќе од двојно го зголемиле својот профит.
Според извештајот „Опстанок на најбогатите“, кој хуманитарната организација го претстави на Светскиот еконономски форум во Давос во Швајцарија, за првпат во последните 25 години истовремено растат екстремната сиромаштија и екстремното богатство.
Освен тоа, големите фирми и нивните сопственици профитираа од разните кризи кои го погодија светот во последните неколку години. Од 2020 година на најбогатиот процент во светот им припаднале вкупно 26 билиони американски долари, а останатите 99 остсто имале на располагање 16 билиони долари.
Во изминатата година, богатството на милјардерите повторно „нагло се зголемило“, особено поради „вртоглавиот брз профит на прехранбените и на енергетските компании“. Меѓу нив, 95 фирми повеќе од двојно го зголемиле профитот минатата година.
Во Германија 81 отсто од вкупниот раст на богатството остварено меѓу 2020 и 2021 година им припаднале на најбогатото население. А, останатите 19 насто од тоа зголемување на богатството оди на 99 отсто од граѓаните на Германија.
Според податоците на Оксфам, најмалку 1,7 милијарди работници живеат во земји во кои инфлацијата е поголема од растот на платите.
Речиси секое десето лице во светот гладува. Според овој извештај, 60 насто од гладните во светот се жени и девојчиња.
Извор – Дојче Веле