Ова се најбезбедните места за патување во 2023 година

- Advertisement -

Колку патувањето може да биде ризично зависи од дестинацијата, но и од тоа како ги дефинирате ризиците. Во извештајот кој го објави осигурителната компанија William Russell од Велика Британија се рангирани најбезбедните градови во светот според перцепцијата на луѓето.

На оваа листа, која се базира на забележаната стапка на криминал во глобалната база на податоци Numbeo, Азија и Европа доминираат на ранг-листата со најбезбедни градови.

- Advertisement -

Тајвански Тајпеј се најде на врвот на листата, додека Буенос Аирес во Аргентина е рангиран на последно место.

Првите пет места за здравјето и безбедноста според индексот Top 100 City Destinations Index 2022 на Euromonitor International се разликуваат од првите пет на оваа листа. Таа ранг-листа, објавена во декември, ја анализира политичката стабилност о општествената безбедност, која го вклучува ив лијанието на КОВИД-19, како и незгодите со повреди по патиштата, корупцијата во владата и статистиката за тероризмот.

- Advertisement -

Тука градовите од Блискиот Исток и во Азија се појавија на врвот на листата: Сарџа, Дубаи, Доха, Катар, Абу Даби, Сингапур. Здравјето и безбедноста е еден од шесте фактори кои Euromonitor International ги користи за да го состави својот годишен индекс во градски дестинации.

Извештајот на компанијата за озбебедување при патување International SOS нњ ги анализира само ризицитр од заразни болести, туку и факторите кои може да влијаат на медицинската нега, како што се квалитетот на специјалистичките и итните служби, досстапноста на лекови и јазичните бариери. Нивната мапа за ризиците при патување во 2023 година покажува дека поголем дел од Северна Америка и Западна Европа, како и Турција, Израел, Јапонија, Сингапур и ОАЕ имаат ниски ризици по здравјето. Од друга страна, пак, Јемен, Сирија, Ирак, Абганистан, Северна Кореја и делови од Африка имаат многу големи ризици по здравјето на туристите.

- Advertisement -

Меѓународната SOS мапа за ризици при патување исто таа ги проценува безбедносните ризици кои вклучуваат криминал, како и политичко насилство како што се тероризмот, социјалните немири, војните и подложноста за природни катастрофи.

Според SOS, околу 25 локации ширум светот имаат небитни безбедносни ризици: Американска Самоа, Андора, Ангвила, Британските Девствени Острови, Кајманските Острови, Куковите Острови, Данска, Финска, Гренланд, Сан Марино, Норвешка, Исланд, Кирибати, Лихтенштајн, Маршалските Острови, Сејшели, Словенија, Швајцарија итн.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -