Кои европски земји користат најмногу обновлива енергија?

- Advertisement -

Повеќе од 1/5 од енергјата потрошена во ЕУ во 2021 година била од обновливи извори, покажуваат најновите податоци. Соларната енергија, ветрот и другите зелени извори придонеле со 21,8% во вкупната потрошувачка на енергија во ЕУ, покажуваат податоците на Евростат.

Тоа е пад од 0,3% во споредба со 2020 година и првото забележано такво намалување. Експертите велат дека тоа е резултат на поголемата потрошувачка на енергија после карантините за време на пандемијата.

- Advertisement -

Но, извештајот на Евростат покажува и дека енергетската инфраструктура на ЕУ се уште се движи во вистински правец. Минатиот месец Меѓународната агенција за енергија откри дека светот во наредните пет години ќе додаде многу повеќе обновливи извори на енергија отколку што додал во изминатите 20 години.

Обновливите извори на енергија забрзано се шират, но глобалната енергетска криза уште повеќе го забрза нивниот раст, објаснуваат од агенцијата. Бројките на Евростат од 2022 година ја покажуваат потрошувачката на обновливи извори во Европа поединечно за секоја земја.

- Advertisement -

Шведска повторно е на врвот на листата со најголем удел на обновливата енергија од 60% во 2021 година. Оваа нордиска земја речиси 2/3 од енергијата ја добива од обновливи извори, главно од биомаса, хидроенергија, ветар, топлински пумпи и течни биогорива.

Наредна на листата е Финска, уште една земја со многу шумски предели, која има 43% удел на обновливите извори во 2021 година, главно од биомаса и хидроенергија. Естонија, Австрија и Данска се наредни на листата со 38%, 36% и 35% удел на обновливите извори.

- Advertisement -

Што се однесува на европските земји надвор од ЕУ, две земји се на врвот. Исланд има најголем удел на обновливи извори на енергија во Европа од околу 86%, а Норвешка е на второ место со 76%.

Вкупно 15 од 27 земји членки на ЕУ имаат удел помал од 21,8% во 2021 година: Белгија, Чешка, Бугарија, Геранија, Ирска, Шпанија, Франција, Италија, Кипар, Луксембург, Унгарија, Малта, Полска и Словачка.

Најмал удел на обновливи извори на енергија има Луксембург со 11,7%.

(EuroNews)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -