Научниците пресметаа колку СО2 се чисти од атмосферата секоја година

- Advertisement -

Научниците по прв пат пресметаа дека околу 2 милијарди тони јаглерод диоксид се отстрануваат од атмосферата секоја година. Но, речиси сето тоа го чистат шумите, и покрај големите инвестиции во нови технологии.

Извештајот кој го приготви Универзитетот Оксфорд е првиот таков кој пресметува колку CO2 отстранува светот и колку повеќе мора да се чисти. Авторите велат дека овие 2 милијарди тони што се чистат се многу малку во споредба со вкупната годишна емисија на 36,6 гигатони CO2 од фосилни горива и цемент. Но, велат дека оваа бројка сепак е поголема отколку што претпоставувале многу експерти.

- Advertisement -

Извештајот покажува дека потребно е новите технологии да чистат 1.300 пати повеќе јаглерод диоксид, а дрвјата двапати повеќе ако сакаме до 2050 година да го одржиме глобалното затоплување на помалку од 2 степени Целзиусови, како што беше договорено со Парискиот климатски договор.

Чистењето на CO2 опфаќа заловуваање на овој стакленички гас од атмосферата и негово складирање во почваѕа, во океаните, во геолошки формации или во производи. До денес 99,9% од успешно отстранетиот CO2 е постигнато до конвенционални методи на почва, како што се пошумување, обновување на исечени шуми, подобро менаџирање со почвата и користење поодржливи производи од дрво.

- Advertisement -

Околу 0,1% од чистењето се прави со нови методи како што е биоенергија, биокатран и директно ловење и складирање на гасот од атмосферата. Исто така, било откриено дека за да се ограничи глобалното затоплување на зададените цели во периодот од 2020 до 2100 година треба да се отстрануваат од 450 до 1.100 гигатони CO2.

(EuroNews)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -