Ротари Клуб Скопје-Центар донираше вредна медицинска опрема

- Advertisement -

Ротари Клуб Скопје-Центар донираше денеска медицинска опрема вредна 122.552 американски долари во просториите на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ Скопје, наменета за повеќе здравствени установи.

Во присуство на членови на Ротари заедницата од Македонија и Србија, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, г-ѓа Анџела Агелер, министерот за здравство, г-н Беким Сали и директори на повеќе клиники во просториите на ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ беше извршено примопредавање на следната опрема:

- Advertisement -
  • Дигитален мобилен рентген апарат – донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ Скопје
  • Ултразвучен апарат – донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија
  • Бронхоскоп – донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ – Клиника за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ)
  • Дефибрилатор – донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби
  • Дефибрилатор – донација за ЈЗУ Универзитетска клиника за ТОАРИЛУЦ – Ургентен центар

Во рамките на проектот кој го реализира Ротари Клуб Скопје-Центар предвидени се и:

  • Обука на технички кадар за соодветно да управува и да ја користи донираната опремата.
  • План за одржување со цел да се осигура функционалност и соодветно одржување.
  • План за менаџмент на пациенти со цел да се обезбеди оптимална употреба на опремата.

“Во рамките на своите активности пред скоро 2 години започнавме проект со кој сакавме да обезбедиме финансиски средства преку Global Grant проект, поддржан од Ротари Фондацијата, со цел да обезбедиме медицинска опрема за потребите на Министерството за здравство на Република Македонија. Почнувајќи од 2020 година, кон поддршката што ја дава Ротари Фондацијата за вакви Global Grant проекти се приклучи и USAID со соодветно учество во финансирање на ваквите проекти. Оваа програма на Rotary International и USAID е наречена Hearts of Europe, при што македонските Ротари клубови се квалификувани да аплицираат за ваквата поддршка. Токму во рамките на оваа програма нашиот клуб обезбеди донација за набавка на медицинската опрема за потребите на Министерството за здравство во износ од 122.552 USD” – изјави во оваа прилика г. Ѓорѓе Војновиќ, Претседател на Ротари Клуб  Скопје-Центар. “Сметаме дека овој настан е од особено значење како за здравствениот систем во целина, така и за Ротари заедницата во Македонија“, дополни г. Војновиќ.

- Advertisement -

Во оваа прилика амбасадорката на САД, г-ѓа Анџела П. Агелер изјави:

„Дел од целите на партнерството помеѓу Ротари Фондацијата на Ротари Интернационал и Владата на САД e да се приклучи на мрежа од 1,4 милиони Ротари членови, вклучувајќи околу 200 Ротари клубови низ Европа и Евроазија, како и на Ротаријанскиот дух на великодушност и стручност со цел охрабрување на Ротаријанците да се справуваат со развојните предизвици во нивните општества. Овој пристап го засилува хуманитарното влијание, ги поттикнува заедничките напори за развој, унапредува важни цели и ги подобрува заедниците“ – истакна г-ѓа Агелер. „Владата на САД со гордост ги поддржува напорите на Ротари Клуб Скопје-Центар од Северна Македонија да ангажира млади членови и студенти од Факултетот за медицина во вебинари за управување со проекти, препознавање на потребите на заедницата и учење на лекциите од пандемијата. Зајакнувањето на капацитетот на нашата младина денес создава движечка сила за подобрување на животниот стандард на сите граѓани во Северна Македонија во иднина“ – истакна г-ѓа Агелер.

Ротари Клуб Скопје-Центар од Скопје е дел од големото семејство на Ротари клубови во рамките на Rotary International, меѓународна организација која егзистира од 1905 година низ целиот свет со над 1,4 милиони членови. Клубот постои од 2009 година и во овие повеќе од 13 години постоење има направено донации во износ од повеќе од 400.000 EUR.

Сподели!
- Advertisement -