Црна Гора по прв пат во историјата ќе стартува своја вселенска програма, соопшти црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ. Тој најави дека Министерството за наука на некоја од наредните седници на Владата ќе донесе информации за тоа.
„Разговаравме со организација која веќе имала такви активности. Тоа се одлични луѓе, ииноватори кои испратија т.н. балон, кој веќе направи некои видеа, а ние има даваме целосна поддршка. Остваривме комуникација со една научничка од Холандија . Црна Гора стартува сопствена вселенска програма и почнува со развој на сателитот Luča, кој треба да биде лансиран во вселената“ вели Абазовиќ.
Премиерот додаде дека со ова Црна Гора отвора уште една перспектива – да стане нација која учествува и во активностите на други држави ширум светот. Тоа е нешто што е иновативно, да се развива и таков тип на програми, вели Абазовиќ.
Премиерот откри дека се надеваат дека сателитот Luča во догледен период, 2023 и 2024 година, ќе ги направи горди. Сакаат во тој период нивниот сателит да се најде во орбитата заедно со бројни сателити на други држави.
Абазовиќ нагласи дека владата преку Фондот за иновации сака да ги поттикне младите луѓе да создаваат иновации. Претходно се разговарало за рано лансирање на црногорскиот пробен сателит во окромври минатата година.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)