Властите на Лондон имаат навистина досетливо решение за уринирањето на јавни места

- Advertisement -

Лондонскиот кварт Сохо, познат како место за вечерно излегување и забава, тестира нова метода со која сака да ги одврати мажите од уринирање на улица – посебна боја со која се премачкани ѕидовите која открива каде е уринирано.

Властите на овој кварт, познати по бројните ресторани, барови и театри, кој е и дом за околу 3.000 жители, ги премачкале ѕидовите со таква боја на десетина стратешки места.

- Advertisement -

Бојата создава проѕирен водоотпорен слој кој ја открива урината и на тој начин и тој што го прекршува законот. Тоа е многу ефикасно и дава доказ , велат од локалната власт. Градоначалникот на Вестминстер, каде што се наоѓа квартот Сохо, го стартувал проектот зата што примил многу поплаки од граѓаните и вработените во Сохо.

На ѕидовите офарбани со таква боја е напишана и пораката „Овој ѕид не е писоар“. Градското собрание на Вестимнстер секоја година троши околу 1,15 евра за чистење на улиците, меѓу другото, и од урина и се надеваат дека оваа посебна боја ќе им ги намали трошоците за чистење.

- Advertisement -

Сохо е мал кварт во центарот на британската престолнина со над 400 локали кои имаат дозвола за продажба на алкохол, па затоа ноќе на улиците таму има илјадници луѓекои пијат, а доалетите се затворени. Затоа за викендите таму се поставуваат монтажни тоалети.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -