Голем пад на продажбата на паметни телефони во Кина

- Advertisement -

Продажбата на паметни телефони во Кина значително паднала во 2022 година на најниско ниво во последните 10 години како резултат на пандемиските ограничувања и забавувањето на економијата. Сето тоа ја придуши потрошувачката, покажуваат податоците на компаниите IDC и Canalys.

Лани во Кина биле испорачани 286 милиони паметни телефони, што е 13% помалку од 2021 година, утврдија од IDC и додаваат дека тоа е најмала продажба од 2013 досега.

- Advertisement -

Лани најмногу телефони продал кинескиот технолошки гигант Vivo, но за 1/4 помалку отколку во 2021 година, утврди IDC. Неговиот пазарен удел е 18,6%. На второ место е Honor, кој во 2022 година испорача околу 34% повеќе уреди отколку во 2021 година.

Apple го стигна Oppo, со кој го дели третото место. Американскиот гигант продаде за 4,4% помалку паметни телефони отколку претходната година, покажуваат податоците на IDC.

- Advertisement -

Падот на продажбата на паметните телефони во Кина е рефлексиј Н состојбата во секторот на глобално ниво. Така, лани во светот биле испорачани само 1,2 милијарди телефони, за 11% помалку од 2021 година и најмалку од 2013 година досега, според IDC.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -