Дроновите наскоро ќе добијат дигитални регистарски таблички

- Advertisement -

Британската влада наскоро ќе воведе ноз закон кој ќе пропише задолжителна употреба на електронски дигитални регистарски таблички на дроновите, односно во нив ќе мора да се вгради т.н. “remote Digital ID” технологија.

Тоа ќе функционира на сличен начин како што денес работи ANPR технологијата на автомобилите, која меѓу другото, овозможува препознавање на регистарските таблички на излегување од автопат, односно на подигање на рампа.

- Advertisement -

Новиот закон ќе биде воведен поради загриженоста на јавноста и на владата дека корисничките дронови во иднина се почесто може да се користат за изведување на териристички напади.

Според британската државна агенција за летање CAA, новите дигитални таблички ќе мора да ги имаат сите дронови потешки од 250 грама, а на граѓаните ќе им ги издава токму CAA.

- Advertisement -

Минатогодишниот извештај на аналитичарите на пазарот од PwC предвиде дека во Велика Британија до 2030 година на небо ќе летаат над 900.000 дронови и дека во секторот кој е поврзан со нив ќе бидат вработени 650.000 луѓе.

Сличен закон е предложен и во САД и треба да стапат на сила во септември годинава, па се очекува дека ќе се прошири глобално.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pikrepo)

Сподели!
- Advertisement -