Саемот на мебел е прв од трите пролетни саеми што ќе се одржат во комплексот Борис Трајковски

- Advertisement -

“САЕМОТ НА МЕБЕЛ” ќе се одржи од 29 март до 2 април во комплексот Борис Трајковски. Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди.

Саемското претставување ќе трае 5 дена, на кое се очекува бројни домашни производители на мебел да ги претстават своите најнови изданија, како и интернационални брендови, кои се присутни на пазарот преку нивните застапници. 

- Advertisement -

Саемот на мебел е една од најатрактивните манифестации поради концептот сè на едно место и поради оригиналните идеи за уредување на домот.

Скопски саем ги најавува и следните два саеми во пролет:

- Advertisement -

“САЕМОТ НА КНИГА” исто така ќе се одржи во пролетниот термин од 04 до 10 мај 2023 и ќе го одбележи својот 35-ти јубилеј на одржување.

Во периодот од 7 до 9 јуни 2023 ќе се одржи и “САЕМОТ ЗА ТРАНСПОРТ”, каде што ќе бидат претставени товарни и комерцијални возила пред деловната публика.

Сподели!
- Advertisement -