Бајдевски: Бројот на дигитални услуги достигна 227, активно се користи порталот за е-услуги

- Advertisement -

На порталот „е-услуги“ се објавени вкупно 917 услуги, а постојано се зголемува бројот на дигитални услуги кој сега изнесува 227, изјави заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски на панелот „ЕУ интеграции и реформски можности“ во рамки на годишната конференција „Година на нови можности“.

Бајдевски истакна дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) континуирано работи за обезбедување модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација, а ги посочи и активностите за изработка на новата Стратегија за реформи на јавната администрација.

- Advertisement -

„Наша цел е деполитизирана администрација која ќе биде транспарентна и отчетна, каде ќе владее европскиот систем на вредности, со мерит систем и голема професионалност“, рече Бајдевски.

Во однос на дигитализацијата, изработена е нацрт Националната ИКТ Стратегија 2023-2027 и истата веќе е објавена на ЕНЕР системот, додека системот за Централен регистар на население е проширен со функционалности кои овозможуваат брза интеграција со системот на Државната изборна комисија (ДИК).

- Advertisement -

Кога станува збор за Националниот портал за е-услуги, Бајдевски рече дека тој активно се користи од граѓаните и бизнисите.

„За 88 e-услуги може да се аплицира директно преку Националниот портал uslugi.gov.mk, а за 139 е-услуги може да се аплицира на надворешни информациски системи на институциите. За првпат е обезбедено комплетното конкурирање за програмите на Министерството за култура, да оди преку онлајн процес. Во 2022 година развиени се вкупно 42 е-услуги, од кои 22 е-услуги на МВР и 20 е-услуги на Министерство за култура“, истакна заменик-министерот за информатичко општество и администрација.

- Advertisement -

Бајдевски информираше и дека за Платформата за интероперабилност, можност за размена на податоци и информации имаат 52 институции и приватни компании.

(Meta.mk)

Сподели!
- Advertisement -