ВИДЕО: Научници го рекреираа смртоносното цунами кое ги убило диносаурусите

- Advertisement -

Тим од меѓународни научници го симулираше глобалниот потоп предизвикан од удар на астероид пред 66 милиони години. Научниците користеле специјален софтвер за да го рекреираат огромното цунами кое ги уништило сите диносауруси од Земјата пред десетина милиони години. Потопот предизвикан од ударот на астероидот предизвикал бранови високи неколку километри, кои ја потопиле целата планета.

Американската национална администрација за океани и атмосфера објави исечок од компјутерската симулација на Twitter. Разорниот природен настан, кој бил посилен 30.000 пати од кое било друго цунами, а почнал откако огромен астероид удрил на Земјата отприлика некаде каде што сега се наоѓа мексиканскиот полуостров Јукатан. Вселенското тело имало дијаметар поголем од 10 км. Астероидот оставил огромен кратер кој денес е познат како Чиксулуб, а ударот предизвикал бранови високи до 4,5 км.

- Advertisement -

Ударот се совпаѓа со изумирањето на 75% од целокупната флора и фауна на Земјата, вклучувајќи ги и диносаурисите без крила.

Компјутерската симулација е плод на заедничкиот труд на истражувачи од неколку земји. Научниците комбинирале нумеричко моделирање и анализа на геолошките записи за да го креираат она што го опишуваат како првата глобална симулација на цунами после ударот на астероидот.

- Advertisement -

Моќната компјутерска програма која ги моделира деталите за комплексни текови на води, наречена хидрокод, ги рекреира првите 10 минути од цунамито, додека два модели го симулираат ширењето на брановите по планетата. Научниците анализирале и геолошки податоци од над 100 локации ширум светот за да ги потврдат своите проценки.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -