Кинези клонираа супер крави кои даваат до 100 тони млеко

- Advertisement -

Кинески научници успешно клонираа три супер крави кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко, пренесува CNN. Трите телиња, кои ги одгледување научници од Северозападниот универзитет за земјоделство и шумарска наука и технологија се родени во регионот Нингси.

Клонирани се од високопродуктивни крави од холштајн фризиската раса, која потекнува од Холандија, а избраните животни се способни да произведат 10 тони млеко годишно, односно 100 тони млеко во текот на својот живот.

- Advertisement -

Како што пренесуваат, тоа е речиси 1,7 пати повеќе млеко отколку просечните крави во САД. Научниците направиле 120 клонирани ембриони од клетки од ушите на високопродуктивните крави и ги ставиле во сурогат крави.

Само 5 од 10.000 крави во Кина можат да произведат 100 тони млеко во текот на својот живот, поради што се вреден ресурс за одгледување. Кинескиот весник Global Times пишува дека дури 70% одф кинеските молзни крав се увезени од странство.

- Advertisement -

„Ни требаат 2-3 години за да направиме стадо кое се состои од над 1.000 супер крави, што е солидна основа за решавање на проблемите со увозот на млечни крави“ вели Џин Јапинг, водечки научник на проектот.

Во многу земји, вклучувајќи ги и САД, фармерите одгледуваат клонови на конвенционални животни за во гените да им додадат особини како високо производство на млеко или отпорност на болести.

- Advertisement -

Кина последните години оствари значителен напредок во клонирањето животни. Минатата година кинеска компанија за клонирање животни го создаде првиот клонират арктички волк во светот. Кинески научници во 2017 година изјавија дека направиле клонирани говеда со поголема отпорност на туберколоза кај говеда, што е голем ризик за говедата во многу земји.

(Danas)

(фото: Stocksnap.io)

Сподели!
- Advertisement -