- Advertisement -
„Бои на годината“ (Colors of the year) е наградата што ја освои компанијата „Гипс Имобилиа Дизајн“ од Скопје на традиционалната 126-годишна манифестација на Трговско-индустриската комора што се одржа во Тирана.
Наградата ја врачи претседателот на националниот форум, Нагип Фејзи, додека пак ја прими претставникот на компанијата Агим Ќерими.
- Advertisement -
Наградите што беа доделени им припаднаа на најуспешните бизниси од Албанија, Косово и Северна Македонија, а настанот во Салата „Опера и балет„ го отвори претседателот на Стопанската и индустриската комора, Николин Јака.
На овој настан учествуваа и претседателот на Собранието, министри, градоначалници, дипломати и други личности од јавниот живот.

- Advertisement -