ИНО ФАБ ЛАБ, првата лабораторијата за производство и прототипирање во нашата земја организира еднодневната работилница за развој на бизнис вештини кај млади чија што цел е учесниците да искусат како размислуваат претприемачите и да се здобијат со основни познавања што значи да се биде претприемач.
Работилницата е наменета за младите кои веќе работат во ИНО ФАБЛ ЛАБ, но и за сите млади до 29 години кои сакаат да почнат да ги градат своите бизнис знаења и вештини
Теми кои ќе се опфатат на работилницата:
- Запознавање и порамнување на очекувањата;
- Каков е светогледот на секој човек?;
- Што влијае на претприемачкото размислување и делување?;
- Дали претприемништвото се учи или е вродено?;
- Како да стекнете претприемачки компетенции?;
- Има ли можности за млади претприемачи во земјава?;
- Имам ли храброст да бидам претприемач?;
Времетраење на работилницата, која ќе се одржи на Технолошко- Металуршки Факултет е вкупно 4 часа, или три сесии од по 70 минути и две паузи од по 15 минути.
Обучувач: Јован Сталевски, Интернационален Мастер обучувач и советник според ЦЕФЕ Методологија, претприемач, вљубеник во природата, практичноста и одржливиот развој.
Сите заинтересирани може да се пријават на следниот ЛИНК
Да потсетиме, првата лабораторијата за производство и прототипирање ИНО ФАБ ЛАБ, лоцирана на Технолошко-металуршки факултет (ТМФ) во Скопје. Во неа, под менторство на академски професори и стручни лица од реалниот сектор, младите на возраст од 15 до 29 години развиваат и тестираат иновативни идеи до создавање продукт-прототип.
Клучната цел на оваа лабораторија е да се зајакне иновативната инфраструктура во земјава и да се подобрат вештините и знаењата на младите средношколци и студенти.
Првата Фаб Лаб лабораторија во нашата земја е основана од страна на Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ во партнерство со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на „Предизвикот за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, Амбасадата на САД и повеќе компании од различни индустрии.