ВИДЕО: Ова е првиот електричен летачки тркачки автомобил

- Advertisement -

Австралиската компанија Airspeeder, која го дизајнираше првиот електричен летачки тркачки автомобил во светот, сега работи на своите автомобили за да ги подготви за еден ден да станат дел од спортовите на Олимписките игри,

„Тоа е иднината – автомобили кои се тркаат на небото. Тоа е Војна на ѕвездите. Ние немаме авион, немаме дрон. Ние имаме целосен систем за транспорт. Ова е она што го нарекуваат eVTOL – електричен автомобил со вертикално полетување и слетување, кој може да се движи во повеќе правци и димензии“ велат од компанијата.

- Advertisement -

Моментално овој автомобил се тестира во пустина во Јужна Австралија. Од компанијата додаваат дека откако ќе ги тестираат автомобилите и ќе поминат повеќе трки, ќе преминат на емитување во живо на летовите. Тоа ќе им отвори многу можности за светот да види што се работи во Јужна Австралија.

Од компанијата се надеваат дека летачките тркачки автомобили ќе станат посебен спорт на Олимписките игри до 2032 година. Но, единствениот начин да го постигнат тоа е го валидираат спортот, да се прочуе вста за него и да се привлече публика која ќе сака да го гледа.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Airspeeder)

Сподели!
- Advertisement -