Starship лета во вселената во март

- Advertisement -

Првиот орбитален тест лет на ракетата која еден дена треба да ги однесе луѓето на Марс е планиран за март 2023 година. Според објавата на Илон Маск на Twitter, SpaceX идниот месец ќе се обиде да го направи првиот орбитален тест лет со Starship.

„Ако останатите тестови поминат во најдобар ред, ќе се обидеме да ја лансираме Starship во март годинава“ вели Маск.

- Advertisement -

Иако лансирањето на Starship во вселената досега беше одлагано за повеќе од година и половина, изгледа дека SpaceX навистина е спремен затоа што минатиот месец успешно направи многу битен тест на полнење на ракетата со 5 тони гориво, односно течен кислород и метан, а помина и бројни процедури за лансирање кои исто така ќе се прават и на денот на лансирањето.

Меѓу останатите тестови е и тестот за статичко плаење на сите 33 Super Heavy Raptor мотори од првиот степен. Space X досега најмногу има запалено 14 Raptor мотори одеднаш, па ова ќе му биде последниот најголем предизвик пред лансирањето на леталото во орбитата на Земјата.

- Advertisement -

Судејќи споре објавата на Маск, се очекува дека последниот тест на палење на моторите ќе биде спроведен многу набрзо затоа што од неговата успешност зависи и дозволата за полетување која SpaceX треба да ја добие од американските надлежни тела.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -