Миланската Скала, италијанската оперска куќа стара 245 години, влезе во дигиталната ера и стартуваше сопствен телевизиски канал кој ќе пренесува во живо опери, балети и концерти и на гледачите ќе им овозможи да ги видат и постарите спектакли на оваа позната италијанска оперска куќа.
Програмата за емитување ќе биде инаугурурана на 14 февруари со директен пренос на операта „Сицијлијанска вечера“ на Џузепе Верди.
„Сакаме да влеземе во секој дом, каде и да се наоѓа тој“ изјави директорот на Скала, Доминик Мејер. Со ова миланската Скала го следи примерот на други оперски куќи ширум светот, кои имаат свои канали.
Новата платформа LaScala.tv е наменета за љубителите на музиката кои веќе ја познаваат и ја слушаат операта. Гледачите ќе имаат прилика да погледнат претстави кои веќе ги виделе или тие што ги пропуштиле. Платформата, исто така, е посветена на помладите генерации, кои ќе имаат алатки за полесен и природен пристап до огромното уметничко наследство, кое е дел од историјата и колективниот идентитет на Италија, додава Мејер.
(Beta)
(фото: Flickr)