Откриено дека изметот на китовите е скапоцен

- Advertisement -

Изметот на китовите вреди злато затоа што игра многу битна улога во производството на фитопланктони, со што придонесува во борбата против климатските промени, покажа нова норвешка студија. Научници од Норвешкиот институт за истражување на морето се фокусирале на концентрацијата на хранливи состојки во изметот на китовите пред да се растопат во морската вода.

Дека нивниот измет вреди злато тврдат норвешките научници, кои својата студија ја објавија пред неколку дена.Нивната идеја е едноставна – изметот на китовите ги оплодува океаните баш како што кравјиот измет ги прави нивните поплодни.

- Advertisement -

Научниците ги анализирале фекалиите на китовите убиени со харпун затоа што Норвешка е една од реткитеземји кои дозволуваат комерцијален лов на китови.

Околу 15.000 китови кои секое лет мигрираат кон норвешкиот архипрлаг Свалбард во Арктикот, каде што секој ден се оставаат околу 600 тони измет на површината на водата, што значи околу 40кг по единка. Според студијата, со изметот се испуштаат 10 тони фосфор и 7 тoни азот, кои се елементи битни за растот на фитопланктоните, односно микроскопските алги кои со фотосинтеза собираат јаглерод диоксид и го претвораат во кислород.

- Advertisement -

Научниците заклучиле дека изметот на китовите придонесува со 0,2% до 4% во примарното секојдневно производство на фитопланткони во регионот Свалбард. Придонесот на китовите веројатно е и поголем од тоа затоа што во проценките не е вклучена урината, која е богата со азот, вели водителот на истражувањето, Кјел Гундерсен.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -