- Advertisement -
Се очекува дека Ford Motor Co многу наскоро ќе ги објави своите планови за изградба на нова фабрика за производство на литиум-феро-фосфатни батерии. Како што пренесува Reuters, изградбата на фабриката ќе чини околу 3,5 милијарди долари.
Како што е најавено, оваа фабрика ќе биде сместена во градот Маршал, кој се наоѓа во државата Мичиген во САД. Во фабриката ќе бидат вработени најмалку 2.500 работници.
- Advertisement -
Овој проект Ford ќе го имплементира заедно со кинеската фабрика за батерии China’s Contemporary Amperex Technology Co Ltd (CATL), како технолошки партнер кој ќе помага во развојот на батериите, пишува Reuters.
(Reuters)
- Advertisement -
(фото: Pexels)
- Advertisement -