Пријавувањето е во тек за бесплатна академија за дигитални вештини на А1

- Advertisement -

А1 Македонија со гордост најавува продолжување на бесплатната академија за дигитални вештини, “A1 Academy” и од денеска до 27.2.2023г. ја отвора можноста за пријавување на вториот модул – Бизнис Аналитика.

“По успешното лансирање на “A1 Academy” со првиот модул на тема Дигитален маркетинг, нашата иницијатива за неформално образование ја продолжуваме со предавања на нова атрактивна тема – Бизнис аналитика. Учесниците и овојпат добиваат можност да ја реализираат својата пасија за учење и стекнување дигитални вештини, да слушнат реални бизнис примери и да учат од професионалци кои активно работат во оваа област. Академијата е придонесот на А1 Македонија кон младите и заедницата за реално практикување на дигиталните вештини неопходни за современ и модерен живот. Повторно очекуваме голем одзив и подготвени сме да ги споделиме знаењата со младите луѓе на кои им е потребно детално познавање од модерните тематики”, изјави Елена Димовска, раководителка на  одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

- Advertisement -

Сите млади на возраст од 18 до 25 години кои сакаат да бидат дел од целосно бесплатната “A1 Academy” и вториот модул – Бизнис аналитика, потребно е да пополнат апликација, достапна на следниот линк. Сите пристигнати апликации ќе бидат детално разработени, а селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациско писмо, желбата и мотивот на кандидатите. Вториот модул започнува на 7ми март 2023 година.

По завршување на секој модул од Академијата секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

- Advertisement -

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.

Сподели!
- Advertisement -