Машкиот еквивалент на антибеби пилулите се развива со децении, но досегашните обиди за создавање таква пилула за мажи не беа многу успешни. Освен што контрацептивните пилули најчесто беа неефикасни, имаа и доста нуспојави, им требаше време да профункционираат и уште повеќе време за да престане нивното дејство.
Новиот лек кој го развија научници од медицинскиот факултет Ваил Корнел изгледа дека ги решава сите тие проблеми. Го таргетира директно протеинот наречен аденилил циклаза (sAC), кој е многу битен за функцијата на спермата и го инхибира. Претходните студии открија дека глувците и мажите на кои природно им недостига генот за sAC биле неплодни, но здрави, па тимот почнал да истражува дали делува блокирањето како контрацептивно средство.
Во тестовите научниците на машките глувци им дале една доза инхибитори на sAC наречени TDI-11861 и ги оставиле слободно да се парат со женките. Ни после 52 обиди за парење ниедна од женките не останала трудна, додека контролната група оплодила околи 1/3 од женките.
Она што е битно е дека лекот делувал многу брзо и ја инхибитрал спермата кај глувците во рок од 30 до 60 минути и останал ефикасе до 2,5 часа потоа. После 3 часа некои сперматозоиди почнале да ја враќаат својата мобилност, а после 24 часа глувците се вратила во целосна плодност.
Тимот не открил никакви негативни ефекти кај глувците иако постојано им го давале лекот во период од 6 недели. Ако ова го потврдат клиничките испитувања на луѓе, мажите конечно ќе добијат антибеби пилула.
(Vidi.hr)
(фото: Pxhere)